LOGO - Лого

сликаThis email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. е роден во Битола, Република Македонија на 24 јуни, 1975 година. Неговиот интерес за фотографија започнaл уште од неговите студентски денови, но тој почнал да работи професионално во 1998 година како фото новинар во неколку студентски весници и продолжува да работи како фото новинар и фото уредник во неделникот "Фокус" (1998 – денес).

Тој постојано се обидува да ги подобри своите вештини за фотографија при што учествуваше на Семинарот за фотографија на Универзитетот во Мисури а исто така 3 пати има учествувано на World Press Photo семинарот. Неговите дела се објавени во повеќе престижни весници како "Ле монд", "Сандеј тајмс", "Фајненшл тајмс " и други.

Тој има соработувано со најпознатите светски прес-агенции и учествувал во повеќе групни изложби. Тој имаше една изложба во Истанбул Slide Show Days во 2004 година, потоа на Универзитетот во Анталија, Турција, во 2007 година како и во Софија на тема "Фокусирајќи се на животот на Ромите во Европа". Во 2008 година тој ја имаше својата прва самостојна изложба "Велосипеди " во Скопје. Тој беше фотограф на УНИЦЕФ за Македонија за 2010 - 2012 година. Во 2012 година тој имаше 3 изложби во Сараево, Белград и Загреб, додека во 2013 година имаше изложби во Сараево и во Берлин.

Во текот на својата кариера тој има освоено многу престижни награди, како што се:

  • Фотоконкурс на СОРОС Фондација - Второ место
  • Добитник на Гран При награда за фотографија за 2004 година во Македонија.
  • Награда од Обединетите нации за фотографија во 2006 година.
  • Прва награда од Обединетите нации за 2008 година.
  • Прва награда од Обединетите нации за 2009 година.
  • Второ место за фотографија на конкурсот "Урбан пејзаж", 2010 година.
  • Master class за професионални фотографи од Југоисточна Европа на World Press Photo и Фондацијата Роберт Бош за 2010/ 2011 година.
  • Прво место за фотографија на "2/Two" натпреварот.
  • Трето место во категоријата фотографии, на меѓународниот РОМА натпревар за серија на фотографии, ДЕЦА – НАДЕЖ ЗА ИДНИНАТА
  • Прво место за фотографија на натпреварот на американската амбасада "Звукот на тишината" по повод Светскиот ден на слободата на печатот во 2012.
  • Добитник на Жан Моне медиумска награда во Македонија 2012 година.
  • Master class за професионални фотографи во "Докуфест", Призрен, Косово во 2013 година.