LOGO - Лого

Во согласност со член 108, 109 и 110 од Законот за високо образование („Службен весник“ бр. 35/2008) Наставничкиот совет на Високата школа за новинарство и за односи со јавностa објавува

К О Н К У Р С

за доделување стипендии за студенти Роми на академската 2011/2012 година

I. Стипендии за студенти Роми

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста објавува конкурс за доделување три стипендии за студенти Роми кои ќе се запишат во прва година на додипломски студии во академската 2011/2012 година. Стипендиите се доделуваат за редовни студенти на двете студиски програми: 

1.    Две (2) целосни стипендии за студиската програма новинарство
2.    Една (1) целосна стипендија за студиската програма корпоративни комуникации и односи со јавноста

II. Услови и критериуми за запишување

1.    Право на запишување имаат кандидати Роми со завршено средно образование и положена државна матура, или образование соодветно на тоа, верифицирано со акт на Министерството за образование и наука на РМ;
2.    Кандидати Роми со положена училишна матура во гимназиско образование или завршен испит во стручно средно образование со четиригодишно траење, доколку во првиот уписен рок не се запишат предвидениот број на студенти;
3.    Изборот на тројцата стипендисти ќе се врши врз основа на: успехот од средното образование, успехот на испитот за државна матура, интервју и утврдување на општите знаења на кандидатите

III. Постапка за конкурирање и запишување

Наставничкиот совет на Високата школа ќе формира конкурсна комисија која ги интервјуира кандидатите на 13.09.2011 г. и резултатите ќе ги објави на веб страницата www.vs.edu.mk на прелиминарна листа по која кандидатите ќе можат да поднесат приговор. Приговорот се доставува до Наставничкиот совет на Високата школа којшто донесува конечна одлука по приговорот.

IV. Кандидатите треба да ги достават следните документи

1.    Свидетелства од четирите години средно образование (оригинални примероци или копии заверени на нотар)
2.    Диплома за положен матурски испит (оригинален примерок или копија заверена на нотар)
3.    Државјанство (оригинал или копија заверена на нотар)
4.    Фотокопија од Извод од матична книга на родените
5.    Лична карта или пасош на увид
6.    Кандидатите за стипендии треба да се пријават на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  најдоцна до 11.09.2011 г. 

Документите да се достават на адреса:
Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, „Јуриј Гагарин“ 17-1/1, Скопје

Повеќе информации на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или 02 / 30 90 004.