|
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста со своите две студиски програми е конципирана според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС).
На студентот, од запишувањето во првата студиска програма ќе му се овозможи целосен увид во описот на обврските (оптовареноста) на студентот, валоризација на завршениот обем на студии, одмерување, споредба на наученото и нивен трансфер од една на друга високообразовна институција.
Вкупниот број часови во една студиска година на двете школи е по 1800, број на часови кој ги опфаќа предавањата, семинарите, вежбите и другите облици на организирана студиска програма (пракса, работа на терен), индивидуална студиска работа (проектна работа, истажување), подготовка за испит и проверка на знаењето, како и други сегменти кои го надополнуваат студирањето.
Праксата во целост кореспондира на примената на ЕКТС, па на студентите им се овозможува преку стажирање да се оспособат за решавање на конкретни работни проблеми и да стекнат вештини и умешност од различни подрачја, критички да размислуваат и да понудат оргинално решение.
На студентите во последната година од студирањето ќе им се овозможи да поминат еден или два семестри во партнерските школи од Европа, а кредитите кои студентите ќе ги стекнат додека се на размена, ќе бидат меѓусебно признаени.
|