static
intranet_link



News - School of Journalism

Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Како изгледа студирањето?

Високата школа од преспектива на студентите Научи да пишуваш
Зголеми Зголеми

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е заснована според концептот учење за знаење и ги следи актуелните тенденции за усогласување со Болоњскиот процес и примена на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во Македонија.

Студиските програми не се преоптоварени со премногу теорија и фактографија, туку се засноваат врз потребите на пазарот, содржат голем број на практични часови, работа на проекти и обезбедуваат стажирање на студентитево медиумите, компаниите или јавната администрација.

Високата школа е поврзана со индустријата, па така последните семестри од двете наставни програми се комбинација на пракса, настава и индивидуално истражување.

На дел од студентите во последната година од студирањето ќе им се овозможи да поминат еден семестар во партнерските школи во Европа, а во согласност со договорите за соработка, кредитите кои студентите ќе ги стекнат за времетрањето на размената ќе бидат меѓусебно признаени.

Студиските програми завршуваат со дипломски проект, во кој студентот мора да покаже дека ги совладал вештините опфатени во програмата.

Наставата се спроведува со помош на модерна технологија, во добро опремен простор, комјутерски лабаратории и библиотека и преку развиена Интранет мрежа за меѓусебно и континуирано комуницирање меѓу студентите и професорите.

Практичната работа е водена од Центар за професионално насочување кој ги следи интересите и развојот на студентите, не само во текот на стажирањето, туку и после завршувањето на студиите. Центарот ќе ги насочи дипломираните студенти во нивната понатамошна работа и ќе посредува во нивното вработување.

Вовед

Зошто Високата школа?

Како изгледа студирањето?

Наставни програми

ЕКТС

Европска соработка

Брошура

Рекламен ТВ спот

Зголеми

Зголеми

 
footer