|
На Високата школа работи тим што се грижи студентот секогаш да е во фокусот и процесот на студирање да се одвива беспрекорно. Тимот е задолжен предавањата и вежбите да се одвиваат непречено, нуди техничка поддршка за реализирање на наставата, остварува соработка со приватниот и јавниот сектор и ги вклучува студентите во проекти од областа на новинарството и односите со јавноста. Тимот го следи развојот на студентот, го советува во текот на студирањето, му обезбедува стручна литература и го насочува професионално согласно неговите интереси. Тимот е секогаш достапен за потребите на студентот, редовно го известува за студентските активности и му овозможува да ја користи техничката опрема за потребите на наставата. За сите информации слободно контактирајте не на наведените контакти.
|
Жанета Трајкоска, директор
Aлександра Теменугова, раководител на наставна програма за новинарство
Дејан Андонов, раководител на наставна програма за корпоративни комуникации и односи со јавноста
Лејла Шабан, асистент на студентски прашања
Огнен Георгиевски, програмски соработник
|