static
intranet_link



News - School of Journalism
Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Работилница „Медиумите и сексуалната работа“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 11 Мај 2009 14:51

Група студенти од насоката новинарство при Високата школа ќе учествуваат во двократната работилница што ја организира Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на  маргинализираните заедници.

Првиот дел што ќе се одржи на 15 мај е посветен на „Медиумите и сексуалната работа“, а вториот дел што треба да се реализира на 22 мај 2009 година е „Медиумите и ЛГБТ популацијата“. Целта на овие работилници е подигнување на свеста и етиката на новинарите кога известуваат за сексуалноста, како и (не)дискриминацијата на човековите права кај овие групи. Предавач на циклусот работилници ќе биде Жарко Трајановски, колумнист.

 
footer