| Библиотека |
|
|
|
|
Високата школа има библиотека со околу илјада наслови стручна литература од областа на новинарството и односите со јавноста. Студентите можат да најдат соодветна литература и за историја, медиуми, политика, политикологија… Библиотечниот фонд редовно се обновува со трудови, прирачници и авторизирани предавања на нашите професори, соработници од земјава и од странство. Високата школа во моментов ги подготвува следните книги за новинарство и за односи со јавноста: • Методи на истражување и прибирање информации • Односи со јавноста • Македонски јазик за новинари • Медиумска регулација, слобода на изразување и јавен интерес За потребите на наставната програма, Високата школа направи избор од странска литература од реномирани и современи автори, за чии дела ги откупи авторските права и ги преведува во целост. Дел од овие изданија за првпат се појавуваат во Македонија и претставуваат вистинско освежување во овие области. • Вести на радио, телевизија и интернет: пишување, известување и продуцирање, од Тед Вајт и Френк Барнас, петто издание • Вовед во комуникациски теории: анализи и примена, од Ричард Вест и Лин Х. Тарнер • Основи на пишување за медиуми, од Мелвин Менчер • Односи со јавноста: пишување и техники за медиуми, од Денис Л. Вилкокс • Основи на корпоративните комуникации, од Сис Ван Рил и Чарлс Фомбрун Овој проект е поддржан од Media Network Program OSI London. |
