Како аргументирано да се изразат, како да се подготви мотивациско писмо, професионално портфолио и како да се подигне свеста за балансираното учество на жените и мажите на лидерските позиции во бизнисот, беа дел од темите на денешната обука за претприемнички вештини за млади.
„Предавањата ми доаѓаат во вистинско време, бидејќи планирам летово да работа или како волонтер или на пракса во некоја младинска организација. Така што денешните знаења ќе ги искористам“, вели една од учесничките на обуката.
Ова е првата од трите планирани обуки за млади и претставници на граѓанските организации во рамки на проектот „Еднаква моќ на жените“ кои ги организираат Институтот за комуникациски студии и Институтот Изида Вита од Словенија во соработка со Младинскиот образовен форум (МОФ).