Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

skupstinaСите 11 граѓански организации од април 2017 г. реализираа низа активности за застапување за носење нови или измена на закони со кои би се подобриле човековите права. 

Со менторска поддршка и стратегиски испланирана комуникација, овие граѓански иницијативи се сретнаа со претставници на институции, политички партии, медиуми и други субјекти кои се поврзани со предложената иницијатива. Целта е да се изгради широк консензус околу предложените законски измени, и притоа истите да имаат поголем легитимитет пред релевантните собраниски комисии. Претставуваме три од вкупно 11-те иницијативи за измени во Законот за дискриминација, Законот за социјална заштита, Законот за здравствена заштита и Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

teft- Институтот за човекови права (ИЧП), заедно со други граѓански организации и претставниици на повеќе институции е дел од работните групи за измени на Законот за дискриминација, кои ги координира Министерството за труд и социјална политика. Дадените препораки во рамки на иницијативата „Измени за правен систем БЕЗ дискриминација“ беа прифатени при изработувањето на предлог измените на законот. Иако постои широк консензус и прифаќање на овие промени, крајниот „збор“ ќе го има Собранието, а пред гласањето ИЧП ќе се залага за одржување на јавна расправа во рамките на собраниските комисии за аргументирање на потребата од итни законски измени.

zdruzenija cont- Во април 2017 организациите кои ги штитат правата на лицата со попреченост, меѓу кои и кумановската Инклузива, се вмрежија за да соберат потписи за законските измени кои се однесуваат на овие лица и нивните семејства. Петицијата ја потпишаа 30.000 граѓани. Своето барање на почетокот на јуни и’ го предочија и на Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика, на која Инклузива со уште девет здруженија разговарааа за потребата од системски пристап кон решавањето на потребите и проблемите на лицата со попреченост и нивните семејства. Во периодот кој следи, овие барања ќе бидат адресирани и до Комисијата за труд и социјална политика при Собранието со цел да се преточат во измени на законите за социјална и здравствена заштита.

dsc 0260- Со организирање дебати и научни конгреси, ХОПС работеше на стекнување поддршка меѓу лекарската фела за законски измени со кои ќе се олесни пристапот до медицински коноп. Со активната комуникација со медиумите уште од усвојувањето на законските измени во 2016 година, се отвори широка дебата и аргументација на препораките на ХОПС за ревизија на законот. Се работеше и со пратеници во Собранието и со членови на Меѓуресорската комисија за дроги кои ја поддржуваат иницијативата. Во наредниот период ќе се работи на обезбедување поддршка од Комисијата за здравство, преку која измените треба да бидат предложени во самото Собрание.