Медиумите имаат обврска да ја едуцираат јавноста за својата професија и тоа може да го сторат единствено ако ги почитуваат новинарските стандарди. Ова меѓу другото беше главната поента на дводневната обука за медиумска писменост „Медиумите како чувари на јавниот интерес“, на која учествуваа новинари и главни уредници од редакциите кои се членови во Коалицијата за медиумска писменост.
Ова е трета од вкупно пет обуки за претставниците на граѓанските организации и на медиумите, преку кои ќе стекнат знаења и вештини за да ги имплементираат иницијативите за унапредување на медиумската писменост со кои влегоа во Коалицијата. Предавачи беа Том Лоу од Мрежата за етика во новинарството од Лондон, В. Британија и Александра Теменугова од Високата школа која го раководи проектот „Коалиција за медиумска писменост“.
Повеќе фотографии од обуката.